КАРПОШ

Во сите десет основни училишта во Карпош, уписот на ученици во прво одделение се одвива непречено. Откако родителот/старателот ќе ја достави документацијата, Комисијата за упис на првачиња спроведува интервјуa со децата, кои од претстојниот септември ќе бидат првачиња.
– Комисијата за упис на ученици е составена од педагог, психолог и еден одделенски наставник. Во согласност со податоците од Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, во Карпош, оваа година би требало да се запишат околу 778 првачиња – информираат во Општината.
Сите разговори се спроведуваат во согласност со Протоколот за упис. Училиштата најчесто ги користат екоучилниците на отворено, каде што разговараат со ученикот и вршат проверка на основните вештини.