Водата за пиење од крајпатната чешма во населеното место Ѓумушица, кај Прилеп, не е исправна и не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку десет минути, информираа од прилепскиот центар за јавно здравје. Оттаму објаснија дека Центарот врши редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде што нема водоводи со кои, пак, стопанисува јавното-комунално претпријатие „Водовод и канализација“.