Фото: Зоран Антовски

Од Центарот за јавно здравје пристигна известување за неисправни води за пиење од градски и селски водоводи и јавни чешми на подрачјето на општина Кичево. Од мострите земени на 19 февруари потврдена е бактериолошката неисправност на водата во повеќе селски населби од Беличка река.

– Од мострите земени на 19 фебруари потврдена е бактериолошката неисправност на водите од водоводите во селата: Брждани, Свињишта, Козица, Белица и Прострање. На жителите од овие села им се сугерира, дека до потврдувањето на исправноста на водата за пиење, истата да ја користат само термички обработена. Овие препораки ќе важат се додека лабораториите од Центарот за јавно здравје – Битола не ја потврдат бактериолошката исправност на водата за пиење и приготвување на храна. Како можна причина за неисправноста на водата од селските водоводи во овие села, се смета долготрајната суша и гнилежот што е присутен на изворишните делови ,од каде што се каптира водата за овие водоводи – информираа од РЦУК Кичево.