Во само четири дена Кичево и Кичевијата ги зафати ново невреме проследено со интензивни врнежи од дожд. Повторно проблеми се јавија во ниските зони на градот, каде од силината на дождот се наполнија подрумските  и приземните простории.

Повторно излегуваат на површина поранешните пропусти со мал профил на канализациски цевки, кои не можеа целосно да ја апсорбираат надојдената вода и на многу локации дојде до излевање на шахти и истек на фекалии во куќи и згради. Исто така на улиците каде што нема атмосветска канализација, дојде до заезерување на улиците, што беше причина за отежнато одвивање на сообраќајот.