Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози. На граничниот премин Табановце, за излез од Македонија има чекање од околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

Поради превртен камион во прекин е сообраќајот на патот Ресен-Битола кај местото Сопотско.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.