Петнаесет до 30 минути се чека на граничниот премин Табановце за излез од државата, соопшти АМСМ.

На останатите гранични премини, како што наведуваат, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.