На улицата Рузвелтова во Битола беа поставени нови украсни дрвја со кои улицата конечно го доби својот нов лик. Денеска се изведуваа завршните активности од реконструкцијата на улицата во вториот крак пред Поштата.

Откако беа поставени клупи, сега улицата се разубавува со цвеќиња, а посадени се и украсни дрвја сорбуси.

Вкупната вредност за реконструкцијата на улицата, која опфаќа водовод, канализација, улично осветлување, коловоз и урбана опрема изнесува 11.331.728
денари.

М.М.