Седумдесет и пет годишнината од смртта на големиот поет и револуционер Коста Солев Рацин, денес беше одбележана на планината Лопушник.

Од страна на делегации на родниот град Велес, Кичево и други градови, беше посетено спомен обележјето на планината Лопушник и месноста Јама, каде пред 75 години, во тоа јунско саботно попладне под сè уште нерајаснети околности, згасна животот на авторот на Бели Мугри и каде беа положени букети свежо цвеќе.

На чествувањето присуствуваа и претставници од Општина Кичево , членови на извидничкиот одред„ Мирко Милески“од Кичево, претставници на боречките организации од Кичево, Велес, Охрид и Струга, претставници на резервните воени старешини, на АРМ, како о почитувачи на животот и делото на поетот.