Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска дојде во посета на ОВР Прилеп. Во рамките на своите редовни работни активности министерот Наќе Чулев оствари средба со началникот на ОВР Прилеп Трајче Георгиоски.

На средбата присуствуваа и заменикот началник Игор Каравилоски, командирот на ПС Прилеп Кире Спиркоски и раководителот на крим полиција Емилија Велкоска.

Притоа министерот се запозна со делокругот на работата во ОВР Прилеп, како и со состојбата со криминалитетот на ова подрачје.

Министерот, според наши инфромации, бил информиран дека безбедносната состојба во градот и регионот што го покрива ОВР Прилеп е добра и стабилна и дека полицијата презема мерки за спречување и разоткривање на секој вид на криминал.

Ка.М.