Во Прилеп денеска продолжи меѓународниот научен собир „Доцносредновековни градови во централните делови од Балканскиот Полуостров, генеза развиток и структура“, кој започна вчера , а на кој своите научни истражувања ги изнесуваат 27 учесници од Грција, Бугарија, Србија, Хрватска и од нашата земја.

Според Бранко Ристески, директор на прилепскиот Институт за старословенска култура, организатор на конференцијата, целта е да се дообјасни средновековниот Прилеп и да се добијат релевантни податоци во еден културен контекст што се нарекува централно-балкански простор во кој се одвиваат процесите на развој на средновековниот Прилеп.

Крајните цели се комплексот „Маркови Кули“ да биде ставен на постојаната листа на УНЕСКО. Според Ристески се очекува за година – две да се постигне посакуваното, бидејќи сега во тек е изработка на стратегиска оценка за загрозеноста на подрачјето на „Марковите Кули“ и планот за управување.

При тоа посочено е дека Прилеп сака да се позиционира во научниот конгресен туризам со теми од културното наследство. Денеска се дебатира за повеќе теми од средновековниот период. Ка.М.