Новата учебна година на подрачјето на општина Тетово ќе започне со три целосно реконструирани училишта и интензивирање на напорите сите школски објекти да работат само во една смена, информираат од тетовската локална самоуправа.

Ахмед Ќазими, раководител на Секторот за јавни дејности вели дека во текот на летниот распуст се изведувале повеќе градежни потфати.

-Новата учебна година ја почнуваме со две главни новини. Во Фалише има сосема нови училници во училиштето како и објектите во Бозовце и Вешала кои се под централното основно училиште Беса каде со ова ќе се овозможи настава само во една претпладневна смена. Во напорите да следиме одредени европски теркови се обидуваме да создадеме процес по кој сите училишта ќе имаат услови да се работи само во една смена. Во зависност од можностите во останатите училишта различни се степените до кои достигаме-изјави Ќазими.

Според него во текот на летниот распуст во речиси сите училишта се направија одредени потфати. Некаде тоа подразбира бојодисување или подобрување на тоалетите, а во некои училишта има донесено апарати за дигитално следење на наставата.

-Поголема реконструкција од околу 5 милиони денари има за објектите Тетекс 1 и 2 во рамки на градинките Младост. Реновирани се сите простории во административниот дел, сите училници, а има и нов инвентар и надгледни средства. Се обидуваме да има модерни услови за сите училници да имаат посебни бањи и тоалети, помагала за децата да бидат згрижени и удобно да се чувствуват.- вели раководителот на секторот.

Во текот на учебната година ќе се работи и на отворање нови центри за ран детски развој во рамки на училиштата.