И покрај акцијата што во последниве два месеци ја спроведува Општина Кичево со една ветеринарна клиника од Куманово и дел од кучињата скитници се вакцинирани и кастрирани, сепак  и понатаму во овој град се бележат напади врз луѓе од кучиња. Така пред неколку дена речиси во центарот на градот беше нападната постара жена, која благодарение на помошта од страна на случајни минувачи, беше спасена од уште потешки последици.

-Просто бевме изненадени кога врз жената се нафрлија две кучиња скитници. Кучињата ја соборија жената на земја и кој знае што ќе и се случеше ако ние не бевме во непосредна близина да ја одбраниме – вели Горан, еден од хуманите граѓани спасител на нападнатата жена.

Пред некој ден и на улица „11 Септемри“ се случи нов напад од куче скитник врз  помлад жител на градот, кој се здобил со повреди на ногата и поради тежината на каснувањето морал да побара лекарска помош во кичевската болница.

Третиот напад се случил синоќа кога 32 годишен кичевчанец бил нападнат од куче скитник кај градските гробишта. При овој напад тој се здобил со повреди на раката и поради сериозноста на повредите бил примен во градската болница, каде примил превентивна вакцина, а раните од нападот биле санирани. Уште колку време на граѓаните на Кичево ќе им се случуваат вакви напади никој со сигурност неможе да каже.

З.А.