Фото: Зоран Антоски

И покрај заложбите на локалната самоуправа во Кичево, конечно да го реши проблемот со кучињата скитници, барем засега проблемот не е целосно разрешен а и понатаму во градот се бележат напади од овие предатори врз недолжни граѓани.

Така  од страна на 63 годишен кичевец во ПС пријавен е напад од куче скитник  во текот на изминатата ноќ, во близина на железничката станица. Опасноста од овие глутници, поготово во ноќните часови е реалност, која со години ги следи жителите на Кичево, а граѓаните кои  возат велосипед или мотоцикл, често се  цел на овие кучиња а, се случувало и да бидат соборени од упорните глутници. Овие кучиња до израз доаѓаат кога ќе падне мрак, и како господари на ноќта, царуваат по сите сообраќајници и паркови. Во градот има најави за нова акција за чипирање на кучињата и еутаназија на болните, која треба да започне наскоро.