Синоќа во 24 часот заврши пријавувањето на граѓаните, кои побараа да гласаат во домашни услови на претстојниот референдум. Во текот на вчерашниот ден до општинските комисии во Кичево и Македонски Брод пристигнале најголемиот број на пријави.

-До нашата изборна комисија во предвидениот рок 22 септември, пристигнаа вкупно 25 пријави на граѓани, кои поради одредени здравствени проблеми побарале да гласаат во домашни услови. Оваа бројка е многу помала за разлика од претходните локални и парламентарни избори кога нивната бројка изнесуваше над 100, а повеќето пријави 20, пристигнаа во текот на вчерашниот ден. Најголем број пријавени се корисници на туѓа нега и нивните пријави во поголем број ќе бидат прифатени-рече Мире Ночески од ОИК Кичево.

За разлика од Кичево во Општина Македонски Брод бројот на пријавени граѓани кои побарале да гласаат во домашни услови и овој пат е доста висок и нивниот број изнесува 58.

-До нашата изборна комисија до вчера до 24 часот пристигнаа вкупно 58 пријави на граѓани, од кои повеќето беа доставени во текот на саботата. Пријавените 58 лица за домашно гласање припаѓаат на 22 избирачки места. Во текот на утрешниот ден ќе се состане комисијата а ќе биде ангажиран и лекар кој ќе изврши проценка кои барања се оправдани и треба да се прифатат, а кои поради одредени причини или нецелосна документација треба да се отфрлат-истакна Лена Милошеска од ОИК за Македонски Брод.