Цената е 8,5 денари за кубен метар

Гевгелија

Советот на општината Гевгелија на последната седница даде согласност на одлуката на управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“, со која цената за прочистување на отпадните води за физички лица изнесува 8,50 денари за кубен метар. Односно, цената за прочистување на отпадните води, која по решението на Регулаторната комисија за енергетика за утврдување на тарифата за водоснабдување во 2018 година изнесуваше 10,44 денари, се намалува на 8,50 денари. Како што е познато, корекцијата на цената беше извршена минатата година, а потврдена и годинава. Намалувањето на цената е резултат на намалените материјални трошоци и позитивното финансиско работење во ЈПКД „Комуналец“.
Одлуката стапува во сила од денот на објавувањето во „Службен гласник на општината Гевгелија“.