На патниот правец Тетово-Попова Шапка поради магла има намалена видливост од 20 до 30 метри, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.