Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла  утрово има на патните правци Скопје – Куманово, Куманово – Св. Николе, Неготино – Демир Капија, Велес – Штип и Велес – Катланово, соопшти АМСМ.

Од 30 до 50 метри видливоста поради магла е намалена на патниот правец Тетово – Гостивар, а од 10 до 20 метри на патниот правец Скопје – Тетово.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, освен на осојничавите места, каде коловозите се влажни.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.