Намалена видливост од 50 до 100 метри поради појава на магла има во Битола, Прилеп, Плетвар и на патните правци крак-Маврово, крак-Стража и Страцин-Пробиштип.

Како што соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

„Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.