Главната пешачка улица Широк сокак и улицата кај Градскиот часовник ќе се одржуваат со две нови метларки што се набавени неодамна. Министерството за локална самоуправа на јавното претпријатие „Комуналец“ му додели 200.000 евра, со кои беа купени двете автоматизирани возила за чистење на улиците во централното градско подрачје.
Претходно Министерството за локална самоуправа им додели два милиони денари на ЈКП „Водовод“ за набавка на камион и 6 милиони денари на ЈП „Нискоградба“ за набавка на градежни машини. ЈП „Комуналец“ е трето јавно претпријатие од Битола што овој месец доби средства од Министерството за локална самоуправа.