ПРИЛЕП

Мурал во должина од 10 метри и висина од 4 метри наслика уметникот Методи Исков од Прилеп на училиштето „Кузман Јосифоски-Питу“. На десната страна е претставен стилизиран портрет на патронот на училиштето, народниот херој Кузман Јосифоски-Питу, додека, пак, на левата страна матуранти што се радуваат на својот успех и иднина, а во заднината заштитниот знак на градот – Марковите Кули.
– Иако наставата се одвива онлајн без физичко присуство, училиштата и понатаму треба да бидат и да останат инспирација за учениците, за да можат полесно да ја поднесат и надминат оваа тешка ситуација во која се наоѓаме. Муралот е инспирација, а наедно и надеж за сите нас, кога ќе ја надминеме оваа ситуација, учениците да се вратат во своите училишни клупи, каде што повторно ќе создаваат убави спомени, другарства, успеси… Можеби ова ќе претставува почеток на идеи и начини на едукација, во кој ќе учествуваат учениците предводени од нивните ментори, наставници и професори – вели професорот Методи.
Исков и досега има изработено повеќе мурали низ институции во градот, меѓу кои и во ГБ „Борка Талески“.