Во ОУ „Санде Штерјоски“ Кичево во изминатите пет дена по вторпат се одржа „Мултикултурен камп”, кој го организира Здружението за развој на младите „Фактор”, поддржан од организацијата АДИ од Гостивар и претставува дел од нивниот проект „Различноста е во мода промоција на мултикултурализмот на локално ниво“. Кампот беше наменет за ученици од четврто до шесто одделение, со што учество зедоа 90 ученици од соодветните одделенија.

– Целта на овој Мултикултурен камп е да земат учество ученици од сите етнички групи, истите да се дружат меѓу себе и воедно да го подобрат квалитетот на англискиот јазик, бидејќи сите предавања и вежби се одвиваат на овој јазик. Најважно е тоа што на овој камп учениците се забавуваа и преку различни активности имаа можност да испробаат и научат нови работи и дисциплини. На овој начин во значителна мера се подобрува креативноста на учениците, меѓусебната почит и толеранција – истакна Арбен Рустеми, проект координатор на овој камп.

Овој камп се реализира со повеќе предавачи. Еден волонтер од мировниот корпус, двајца наставници и по двајца асистенти во секоја училница. Од година во година интересот за овој Мултикултурен камп е се поголем и поголем. З.А.