Во очи на големиот христијански празник, Рождество на Пресвета Богородица, синоќа во манастирот чиј патрон е Мајката божја, со монашки постриг беа благословени две искушенички од монашкото сестринство.

Нивните нови имиња се Пелагија и Февронија. Монашкиот постриг го изврши надлежниот Архипастир неговото Високо преосвештенство митрополитот Дебарско-Кичевски господин Тимотеј.

-Ова е прво замонашување во храмот на бого мајката после 54 години, по што вечерва се слушнаа зборовите „Побрзај да ми ги отвориш татковите прегратки“. На свечениот чин во манастирот присуствуваа голем број на верници од западниот дел од Македонија, кои истовремено присуствуваа и на вечерната богослужба, а денес ќе го празнуваат и Рождеството на мајката божја-истакнаа од свештенството .

Инаку утринава на самиот ден Мала Богородица, во 7,30 часот беше отслужена утрена богослужба, додека во 9 часот ќе се отслужи Архиерејска Божествена литургија со која ќе чиноначалствува Митрополитот Дебарско- Кичевски и Плаошки, господин Тимотеј.

З.А.