Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски денеска ќе го започне својот нов подвиг – да исплива ултра маратон долг 64 километри, од Охрид до Свети Наум до Струга и назад до Охрид, во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Маратонот почнува во 15.00 часот од кај Градското пристаниште во Охрид, а предвидено е да заврши утревечер на истото место.

Со цел да се соберат средства за лицата со ретки болести, изработени се маички во бела и црна боја што ќе се продаваат по цена од 300 денари утре на штандот кој ќе биде поставен кај градското пристаниште од 12.00 часот.

Тој минатата година го преплива Охридско Езеро за девет часа со што стана најмладиот пливач кој ја препливал таа рута.