Фото: Зоран Антоски

На Меѓународната конференција за рамномерен регионален развој во Струга учесниците со осврнаа на достигнувањата во регионалниот развој во изминатата декада од донесување на Законот за рамномерен регионален развој.

Низ тематски водени дискусии на меѓународни и домашни експерти, акцент се стави на размената на добри практики, поттикнување на соработка и вмрежување на клучните чинители кои можат да придонесат за подобрување на општата состојба во Македонија.

На конференцијата учество зедоа заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, претседателот на Советот за развој Рамиз Мерко, Мирјана Лозаноска од Центарот за развој на Југозападниот плански регион и професорите Изет Зекири и Анета Чекиќ, по што следуваа прашања од присутните. З.А.