Од 6-ти до 9-ти јули по единаесетти пат во Кичево ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „ Д-р.Владимир Полежиноски“. Во трите фестивалски дена на платото пред Центарот за култура ќе продефилираат десетина фолклорни ансамбли и фолклорни групи од Бугарија, Србија, Црна Гора, Мексико и Македонија.

На годинешното единаесетто по ред издание на Меѓународниот фолклорен фестивал што од 6-ти до 9-ти јули ќе се одржи во Кичево, ќе земат учество десет фолклорни ансамбли и фолклорни групи и тоа: КУД „Никола Тесла“-Нишка Бања, КУД „Оро“- Даниловград, фолклорната група „Британика“ од Тореон-Мексико, фолклорните групи „Неврокопчанки“ и „Палави ножинки“ од Гоце Делчев- Бугарија, КУД„ Извор“ од Јегуновце, фолклорната група „Копачка“ од село Драмче и локалните КУД „Бисер“, КУД „Рацин“ и КУД „Младост“.

-Целокупната програма ќе се одвива на платото пред Центарот за култура со почеток во 21 часот. Покрај задолжителните настапи, гостите на фестивалот ќе ги посетат манастирските комплекси во кичевско „Света Пречиста Богородица“ и „Свети Ѓорѓија“, а ќе реализираат и еднодневна посета на  Охрид -информира Мирјана Божиноска , директорка на Центарот за култура, организатор на овој настан, кој финансиски е подржан од Министерството за култура на Република Македонија.

З.А