Поради обилните врнежи од дожд, кои деновиве го зафатија Струшкиот регион дошло до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност, соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.

Екипи на Центарот, како што е наведено, претпладнево извршиле мерења на водата за пиење и констатирале дека е зголемена матноста со значително поголеми вредности од законски пропишаните.

– Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на неа, не е здравствено безбедна и не треба да се користи за пиење, информира Центарот за јавно здравје – Охрид.

За проблемот известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.

Центарот за јавно здравје Охрид, како што е наведено во координација со надлежните институции континуирано ја следи состојбата и навремено ќе биде за состојбата со квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга.