Нашиот најпознат и најплоден афористичар Миле Ѓорѓијоски и неговиот колега Витомир Долински ќе земат учество на Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Сатира фест-2018“, што на 10 овој месец ќе се одржи во Белград и на кој ќе учествуваат афористичари од Швајцарија, Бугарија, БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија, Израел и Хрватска.

– На 16-от Меѓународен фестивал на хумор и сатира „Сатира фест-2018“ што на 10 овој месец ќе се одржи во Белград и на кој ќе земат учество 80 афористичари од Швајцарија, Бугарија, БиХ, Црна Гора, Србија, Израел и Хрватска, а нашата земја ќе ја претставуваме јас и мојот колега Витомир Долински. Годинешниот фестивал „Сатира фест“ е посветен на 120 годишнината од излегувањето од печат на првата збирка афоризми на српски јазик, напишана од кралицата Наталија Обреновиќ. На овој фестивал ќе се претставиме со по десетина афоризми и сметаме дека ќе бидеме добри амбасадори на македонскиот хумор и сатира – истакна Миле Ѓорѓијоски, кој пред неполн месец беше победник и на Шабачката чивијада втор пат во изминатите 6 години.

З.А.