По пауза од осум години апсолвирањето на уште една нова генерација студенти-македонисти на Државниот Универзитет во Тетово се заокружи со одржување на Македонистичка вечер. Најновата е четврта вкупно, по првата која се одржала во 2008 година.

-Македонистичката вечер е насловена „За учителите“ посветена на неколку стожерни фигури од македонската книжевна и јазична, но и културна историја во целина како и нивните трајни дела. Имавме рецитали, изложба, чин на драмата Бегалка и слично. Главен иницијатор и творец на Македонситичка вечер како сега и порано е проф.Др Лилјана Гушевска-изјави Марина Спасовска, раководител на студиската програма за македонски јазик и книжевност.

Првата македонистичка вечер пред 10 години ја одржа првата генерација апсолвенти при студиската програма за македонски јазик и книжевност токму во годината посветена на македонскиот јазик.

-Задоволството е огромно кога екипата на студент и наставен кадар подготвува ваква пригодна манифестација-рече професорката Лилја Гушевска.

На студиската програма за македонски јазик и книжевност се изучува современиот јазик на сите рамништа. Заинтересираните матуранти можат да конкурираат за упис во двата уписни рока на Државниот универзитет во Тетово од 14 до 19 август, вториот од 23 до 27 август. Македонистичката вечер е една од многуте активности што Катедрата по македонски јазик ги организира надвор од наставната програма.

Секоја година практикуваат да ја прошират соработката со гости предавачи од сродни институции, како од земјава така и од странство. Организираат едукативни екскурзии низ цела Македонија, теренски дијлектолошки истажувања, како и посета на институциите кои се занимаваат со афирмација на македонскиот јазик.

А.С.