Во рамките на проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“ имплементиран од страна на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите-Тетово, во партнерство со групата за малцински права од Лондон, Здружението за развој и интеграција на млади Роми и Ромки „Преродба“ од Кичево, денес пред платото на хотел „Арабела“ организира локална кампања.

– На денешната кампања беше промовирана ромската култура и беше упатен апел до институциите за спречување на дискриминација и поттикнување на взаемна соработка на ромските невладини организации и граѓаните од оваа заедница. Исто така, испративме порака до сите релевантни структури од сферата на образованието, здравството, социјалната заштита, домувањето и други, преку директни контакти, претставници од нашата националност да добијат поддршка за застапување и промена на дисфункционалната легилатива – истакна Емин Мамудоски, претседател и координатор на НВО „Преродба“ од Кичево.

Денешниот собир беше масовно посетен од повеќе стотини роми од Кичево. З.А.