По излегувањето од коалицијата со СДСМ и формирањето на новата коалиција со ДОМ за претстојните локални избори, сега доскорешниот коалиционен партнер ЛДП е најжесток критичар на власта.

– Во изминатите 30 години Битола тапка во место, се менуваат двете големи партии меѓутоа незадоволството кај граѓаните расте и се иселуваат оти не ја гледаат тука перспективата. Не може градоначалникот на Битола да се занимава само со асфалтирање на улици. На градот му треба визија – рече лидерот на ЛДП и актуелен министер за локална самоуправа, Горан Милевски.

Запрашан дали како министер во актуелната власт не можеше да ја наметне и
спроведе таа визија, рече дека кога се оди во коалиција со поголем партнер тој ги
наметнува програмите и идеите и не можете да се расправате, па затоа во коалиција со
ДОМ на престојните избори ќе настапат сами.

Инаку, во битолската СДСМ веќе не кријат дека ЛДП ја доживуваат како политички
противник со кој ќе ги одмерат силите на претстојните локални избори. М.М.