Фото: Зоран Антоски

Со концертот „Музичко другарување“ на групата Триангл, што се одржа на платото пред Центарот за култура во Кичево, по четиримесечна пауза се вратија културните настани во овој град.

Во склад со сите протоколи за заштита од ковид-19, на летната сцена беа поставени триесет столчиња на пропишано растојание, а истото се случуваше и со актерите присутни на сцената. Целокупната изведба помина двојазично и интерактивно со присутните гледачи, кои за првпат не беа само набљудувачи. На крајот, забележливо беше задоволството од повторниот старт на културните настани во градот.

– Во приоритетите на овој проект е афирмација на музичката култура во функција на започнување и доближување на младата популација до музичката култура, со тоа што дава можност да се дел од овој проект и ги афирмира младите уметници. Презентирањето на музичкото творештво со стилска и жанровска разноликост се врши на иновативен и интерактивен пристап – рече директорот на Центарот за култура, Мазлам Османи.

 Сценарист и режисер на овој концерт е Десанка Глигоријевиќ, додека модератот на истиот е Сихана Јакупи. Негова целна група се деца од 2 до 10 години.