Во 2019 година општината Крушево спроведе повеќе активности од аспект на туристичка промоција: изработи промотивен материјал за промоција на Крушево, преку Проектот за локална и регионална конкурентност. Тоа вклучува:, брошури, летоци, мапи на градот и повеќе видеа. Општината во 2019-та се промовираше на саемите во Белград, Србија, Софија, Бугарија, и во Загреб, Хрватска. Локалната самоуправа врши постојана промоција на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер.

Исто така се промовира во изданието „Бизнис-адресар на Северна Македонија 2019“ на агенцијата „Балканика“, како и онлајн на официјалниот веб-сајт на „Балканика“. Презентацијата за Крушево досега има над 25.000 прегледи. Текстови за Крушево бе објавени во „Економист“, „Нешнл џиографик“, Ал џезира, хрватската телевизија РТЛ и во повеќе домашни медиуми.