При првата крводарителска акција спроведена помеѓу припадниците на АРМ во Кичево во текот на оваа календарска година, беа собрани вкупно 64 крвни единици, со што уште еднаш се потврди одговорноста и солидарноста во нивните редови.

– Во третата крводарителска акција годинава, прва спроведена меѓу припадниците на АРМ во нашиот град, собрани се вкупно 64 крвни единици , со што уште еднаш припадниците на оружените сили на дело ја покажаа својата голема солидарност. Пред да ја подадат својата рака за да даруваат дел од најдрагоцената течност, на сите крводарители најпрво им беше измерена телесната температура, за да се провери дали се физички здрави. И оваа акција ја спроведовме во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. До крајот на оваа календарска година се планирани уште две крводарителни акции во кичевската касарна – истакна Бесник Селими, секретар на ОО на Црвениот крст од Кичево.

Карактеристично е и тоа што помеѓу крводарителите имаше и припаднички на понежниот пол, како и припадници на војската кои за првпат даруваа крв.