Во големата сала од Центарот за култура вечерва Младинскиот камерен оркестар од Тетово ќе одржи концерт со работен наслов „Бајка во една зимска вечер“ , солист ќе биде биде Исмет Весели, а диригент Агона Чупи.

-Вечерва за прв пат пред кичевската публика ќе се претстави Младинскиот камерен оркестар од Тетово, со репертоар во кој ќе бидат застапени дела на Антонио Вивалди, Петар Илич-Чајковски, Јан Сибелиус, Драган Шуплески и други. Диригент на камерниот оркестар е Агона Чупи, а солист Исмет Весели. Очекуваме младите инструменталисти од Тетово да се покажат во најдобро светло, а домашната публика има ретка можност да ужива во ваков вид на музика – истакна Маја Николоска-Сиљаноска од Центарот за култура.

З.А.