Повеќе од десет училишта во Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Велес и Градско
добија компјутерска опрема од компанијата „Деркслмајер“. Донираните компјутери се тестирани и ја поддржуваат платформата на Министерството за образование и наука додека некои училишта добија лаптоп компутери а дел десктоп компјутери. Од почетокот на годинава ова е втора поголема донација од ваков тип откако компанијата „Дрексмајер“ на неколку училишта во Тиквешкиот регион подари 90 компјутери, со што вкупниот број на донирани комјутери изнесува 300.

Ни претставува чест и задоволство што со оваа донација можеме да придонесеме кон олеснување на подготвителниот процес за онлајн настава на самиот почеток на учебната година и се надевам дека компјутерската опрема ќе му биде од голема корист на наставниот кадар во училиштата од овој регион, а учениците и во време на пандемија ќе имаат можност непречено и квалитетно да ја следат наставата. Ова е наша заедничка одговорност – истакна Лукас Мирингер, генералниот директор на „Дрекслмајер“. Ми.М.