Ковид-19 / Во Полошкиот регион започна спроведувањето на проектот „Стани“ лекар слушајќи ги лекарите – „Лечи“ пациенти не заразувајќи ги другите

Со мотото „Стани“ лекар слушајќи ги лекарите – „Лечи“ пациенти не заразувајќи ги другите, здружението за култура и уметност „Традита“ го почна денеска спроведувањето на проектот за сензибилизација на јавното мнение и подигнување на свеста на граѓаните, со посебен акцент младите да пристапат кон пандемијата на ковид-19 со максимална сериозност, како на пример: почитувањето на заштитните мерки да го претворат во култура, а социјалното растојание да го сфатат како општествена обврска. Проектот има цел, и покрај пандемијата на ковид-19, учениците редовно да го следат образовниот процес (која било варијанта) во училиште со физичко присуство, комбиниран модел или преку системот онлајн.
Според претседателот на здружението за култура и уметност „Традита“ Селам Сулејмани, овој проект финансиран од Генералниот секретаријат на Владата на РСМ ќе трае три месеци (15.8.2020 – 15.11.2020) и истиот тој ќе се реализира во три фази: редовно информирање преку интернет-медиумите, друштвените мрежи и визуелните медиуми, организирање онлајн трибини и дистрибуција/ прикажување материјали за подигнување на свеста во основните и средните училишта во Општина Тетово, Општина Теарце и Општина Брвеница.

„Преку официјалната веб страница www.tradita.org и официјалната страница на фејсбук: facebook.com/shoqatatradita.org/, редовно (секој ден) ќе ја информираме мрежата на учениците од основните и средните училишта во општините: Тетово – Брвеница – Теарце, за бројот на заразените, лекуваните и на починатите. Исто така, ќе ги демантираме лажните вести што шират паника, несигурност и збунетост кај учениците и пошироката јавност. Исто така, преку нашиот портал и нашата социјална мрежа, ќе известуваме за преземените мерки од страна на надлежните органи и ќе им ставиме до знаење дополнителни информации за истражувањата, кои се вршат во светот во врска со спречувањето и ширењето на коронавирусот. Свесноста за примената на заштитните мерки: носење маски, почитување на физичкото растојание, несобирање и редовно миење на рацете и употреба на средства за дезинфекција ќе биде приоритет во нашата работа за информирање“ истакна Селам Сулејмани.
Тој исто така тврди дека во пресрет на започнувањето на новата учебна година, во образовните центри на горенаведените општини, здружението „Традита“ ќе дистрибуира пропаганден материјал против ковид-19.

„Проектот, својата активност ќе ја врши во терен, односно во основните и средните училишта на горенаведените општини: Тетово – Брвеница – Теарце. Во образовните центри на овие општини ќе прикажуваме материјали со мото (едноставни, но достапни пораки) за правилата што треба редовно да ги почитуваат учениците, како што се: поаѓање-доаѓање училиште-куќа, лична хигиена, реализирање на спортските активности секогаш во согласност со препорачаните ’правила‘ против пандемијата на ковид-19, како и користење на дополнителната литература за општата состојба и влијанието на пандемијата кај децата, односно младите“ истакна Селам Сулејман од здружението „Традита“.

Заедно со месните надлежни органи и директорите на училиштата, учителите и наставниците, ќе се организираат и онлајн активности. За таа цел, здружението „Традита“ ќе ги известува на посебен начин учениците на Полошкиот регион во врска со коронавирусот, општите текови што се однесуваат на глобалната пандемија на ковид-19, како да и се приспособиме на новата социјална реалност, како и за надминување на психолошките последици од пандемијата.
Од „Традита“ велат дека општата дејност на нивното здружение е позната во јавноста, па веруваат дека и овој корисен проект ќе биде поздравен од граѓаните од Полошкиот регион и пошироко.