Фото: Зоран Антоски

Благодарение на Кристина Деолска архитект од Делчево, која слика во прастара техника енкаустика со растопен восок, учениците од многу училишта во земјава, по нејзините едукативни часови, полека навлегуваат и ја совладуваат оваа прастара техника на сликање.

Деолска покрај тоа што слика во енкаустика, таа пишува и поезија, а во 2015 година ја промовираше првата збирка песни „Помеѓу сонот и јавето“.

– Со овие едукативни часови кои ги држам по училиштата, имам за цел оваа сликарска техника, недоволно позната кај нас, да им ја пренесам на помладите генерации. Токму затоа ги посетивме и учениците од кичевското  ОУ „К.Ј.Питу“, каде на дел од нив од повисоките одделенија, им ја презентиравме техниката сликање со растопен восок. Не само што внимателно ја следеа постапката како се твори во оваа техника, туку уште повеќе, дел од нив се потрудија и самите да создадат некое свое дело. Верувам дека кај повеќето ученици во иднина ќе се создаде навика и тие да сликаат во оваа техника и да станат успешни мајстори- истакна Кристина Деолска, жена со многу таленти во себе.

Зоран Антоски