фото Зоран Антоски

Кичевскиот храм „Свети Апостоли Петар и Павле“ денес ќе го одбележи својот патрон Петровден.

По тој повод во храмот ќе биде отслужена Света Божествена литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско –кичевски г. Тимотеј и на која ќе присуствуваат голем број верници од градот.

– Бидејќи нашата црква е посветена на „Свети Петар и Павле“ како закрилници, денес со повеќе црковни свечености ќе го одбележиме нејзиниот патрон. Најпрво ќе биде отслужена утрена празнична богослужба од страна на свештениците од храмот, а потоа ќе се отслужи Света Божествена литургија со која ќе чиноначалствува Митрополитот Дебарско-Кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќе архиереи. Овој настан ќе се случи во 9 часот наутро. Потоа пред храмот ќе се изврши чинот на осветување на вода и ќе се прекрши славскиот колач, што за оваа прилика го подготви годинешниот петровденски кум, Тони Петрески-потсети старешината на храмот отец, Александар Матески.

Зоран Антоски