Вчерашното невреме кое го зафати Кичевскиот регион им донесе многу неприлики на жителите од градот и повеќето села. Високиот воден талог кој за кусо време наврна во градот поплави повеќе подрумски простории и приземни куќи во пониските населби. Во дел од куќите и денес се отстранува надојдената вода и калта, а поради малата пропустливост на канализациската мрежа беа полавени дел административни простории и други објекти.

Вчерашното невреме го одбележаа и страотни грмотевици и електрични празнења, а најава за невремето беше громот кој падна на едно зимзелено дрво во кругот на гимназијата, кое по ова електрично празнење беше речиси преполовено. Силната детонација ги преплаши гостите на локалите кои се на стотина метри одалеченост од ова стебло.

– Силината на дождот придонесе за час да се зголеми водениот талог по улиците и беше тешко граѓаните да се движат со автомобил, особено на улиците каде што нема атмосверска канализација како улицата 11-ти Септември и улицата Борис Кидрич. Доказ за силината на невремето е состојбата во домот на Ибраим Зекироски на улицата Скопска, каде водениот талог е длабок речиси 2 метри и цела покуќнина е полавена, па така и денес со пумпи се извлекува водата од полавените простории информираа од ДЗС

Најголемата штета сепак ја предизвика градот кој во поголемиот дел од општината речиси ги уништи градинарските култури, а направи и голема штета на овошките. З.А.

Стеблото кое настрада од силниот гром во Кичево/Фото: Зоран Антоски