Со измерени 908 микрограми ПМ10 честичкина метар кубен, попладнево Кичево е лидер во земјава и еден од најзагадените градови во светот. Смирувањето на ветерот експресно ги зголеми  концентрациите на ПМ10 И ПМ2,5 честичките. Се потврди фактот дека главниот извор на аерозагадување е затоплувањето на домовите со фосилни горива и други нееколошки материјали.
 
– Проблемот со високото аерозагадување во нашиот град лежи во употребата на фосилни горива и други нееколошки горива за затоплување на домовите. Честичките кои се ослободуваат при согорување на фосилните горива летаат во пониските слоеви од земјата, со што се зголемуваат концентрациите на ПМ10 и ПМ2,5 честички, кои потоа ние преку дишните патишта ги внесуваме во нашиот организам и тоа најмногу кога престојуваме подолг период на отворено, по што се создаваат здравствени проблеми. Нашата котлина е релативно мала но со интензивна станбена изградба, што, исто така, придонесува струењето на воздухот да биде намалено а аерозагадувањето зголемено. И графичкиот приказ е најилустративен доказ и потврда за високото аерозагадување во градот во периодите кога има интензивно ложење а тоа се раните вечерни и предполноќни часови. Зарем броките  од денешните мерења не се аларм за надлежните да превземат решителни чекори за решавање на овој  проблем? – вели Коце, инженер и екологист од Кичево.
 
Граѓаните се молат што побргу да пристигне гасот за да се надмине оваа голгота и конечно и во зимските месеци да дишат почист воздух.