Фото: Зоран Антоски

Полициските службеници на подрачјето на ОВР Кичево, во изминатото деноноќие констатирале 14 прекршоци за неносење на лична заштита на лицето. На овие лица им се издадени прекршочни  платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила, за носење на лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразна болест ковид-19. Во исто време  полициските службеници на  ниво на СВР Охрид  и во координација со Државен пазарен инспекторат извршиле  74 контроли врз угостителски и други објекти,од кои и дел во Кичево.