Кавадарци ја откажа денешната манифестација по повод Свети Трифун поради тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово во која загинаа 14 лица.

– Ова е голема трагедија за нашата земја. Во овие тешки мигови не се опишува болката која ја предизвика оваа голема несреќа.   Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Кавадарци и граѓаните изразув а а т  длабоко сочувство до семејствата на загинатите и брзо заздравување на повредените, велат од локалната самоуправа. 

Културно-уметничките програми ги откажаа и Неготино и Демир Капија.