По повод Денот на Европа 9 Мај, Општина Битола, ЕУ инфоточката при Општина
Битола, со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Македонија и СОУ „Таки Даскало“,
организираа онлајн активност, во која младите имаа свои излагања за начинот на
конституирање на ЕУ, нејзиното функционирање и придобивките за младите. Свое обраќање имаше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

– Претпладневната средба на платформата Зум со матураните од СОУ „Таки Даскало”
беше одличен почеток за оваа работна седмица од две причини – дружење со млади и
размена на размислувања, но секако и самата тема на разговорот, значењето на нашата
европска интеграција. Негувањето и градењето на вредности политички,
административни, економски и воопшто општествени кои отвараат можности за развој,
перспективи, безграничности во стариот континент – Европа, се дефинитивно и
потреба за младиот човек и за сите нас. Нашите национални карактеристики како дел
од мозаикот Европа се важна целина без која не се може – изјави Петровска. М.М.