Нов сопственик на зградата на ТВ „Орбис“ е фирмата „Интерворкс“ од САД. Оваа фирма, чие седиште во САД, која се занимава со ИТ компјутерска технологија деновиве преку извршител ја купи зградата на ТВ „Орбис“, која замина во стечај и престана да емитува програма на македонскиот медиумски простор.

Објектот на ТВ „Орбис“ е продаден за нешто помалку од еден милион евра, колку што беше последната проценка од вештите лица и по која цена беше понуден од страна на извршителот на продажба.

Инаку зградата на ТВ „Орбис“ беше нелегално изградена и долги години беше див објект, кој претходната локална власт на Битола не го сруши.

Подоцна тој со законот за легализација беше легализиран. Инаку ТВ „Орбис“ беше една од телевизиите кои најмногу добиваа средства Владата на Никола Груевски и општинската каса на Битола. Иако таа важеше за една од најмоќните локални битолски телевизии веднаш по смената на власта престана да емитува програма и замина во стечај.

М.М.