Печките на дрва сега ќе се заменат со нов и ефикасен начин на загревање

Новаци

Општина Новаци доби 25 висококвалитетни инвертери наменети за подрачните училишта и сега печките на дрва ќе ги замени со нов, еколошки и ефикасен начин на загревање. Финансиската поддршка во висина од 1.200.000 денари е обезбедена од Владата и со неа е опфатена инсталација на инвертери во училишните простории во неколку подрачни училишта.

– Општина Новаци климите ги доби во согласност со јавниот повик објавен од Владата – Генерален секретаријат, по програмата за намалување на загадувањето на воздухот за 2020 година. Целта е намалување на загадувањето на воздухот предизвикано од нееколошки начин на загревање, односно замена на старите печки на дрва со висококвалитетни инвертери – појаснуваат од локалната самоуправа на Новаци.