Изложбa на слики „Од градината на баба ми“, во рамките на одбележувањето на празникот на жената, Осми март, во НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола како дел од регионална мрежа на хортикултурни библиотеки, е отворена изложба на слики со мотиви на цвеќиња од Слободан Рајчевски.

– Авторот Слободан Рајчевски ги сподели своите дела со библиотеката и на тој начин го оплемени просторот, а со тоа овозможи да го промовираме концептот за хортикултурна библиотека со единствена цел да ја подигнеме свеста за менување на средината каде што живееме, за една нова цветна Битола – изјавија од НУУБ „Св. Климент Охридски”.

Инаку Регионалната мрежа на хортикултурни библиотеки е концепт кој што вклучува запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаниката, уметноста, како и промовирање на литературата од истата област, со што библиотекарите го унапредуваат квалитетот на своите услуги преку поголемо користење на фондовите на библиотеката и обликување на позитивната свест за уредување на работните и животните простори. На тој начин библиотеките стануваат своевиден посредник во изградбата на современото и еколошко живеење, овозможувајќи го побрзиот пристап до активности со хортикултурна нота.

М.М.