Во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ Денес во 12.30 часот ќе биде
отворена изложба на карикатури насловена како „И после се животот е убав“ која е дел од фестивалот за хумор и сатира „ИН Виница веритас“ во организација на домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница.

Изложбата на карикатури е дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2021“ и целиот настан ќе се одвива според сите предвидени протоколи за ковид-19.
Ми.М.