Националниот парк Пелистер остана и без „Ловечката куќа“. Според информации од битолските планинари и фотографиите кои ги испратија, се гледа дека изгорела „Ловечката куќа“ на Пелистер.

Засега не се знае кога точно се случил пожарот, бидејки во Противпожарната единица во Битола никој не пријавил дека имало пожар, а во СВР Битола ни одговорија дека имало пријава до нив, но не сакаа да откријат како, ниту кога се случил пожарот.

Чудно е како никој не го забележал пожарот и не пријавил досега во Противпожарната единица. Инаку, не се знае кој бил задолжен за управување со „Ловечката
куќа“ и на кој концесионер била дадена. М.М.