Попладнево во 15 часот целосно е изгаснат големиот шумски пожар во реонот на Азот, над селата Богомила, Мокрени и Габровник кој беснееше неколку дена и во кој изгореа околу 50 хектари квалитетна високодабова и букова шума.

Во гаснење на пожарот беа вклучени екипи на пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Велес и вработени во шумско стопанство „Бабуна“ кои вложија огромни напори во целосно ликвидирање на овој голем шумски пожар во овој реон.

Како што информира за МИА Кире Димовски од ТППЕ – Велес, по гаснењето на пожарот на овој терен заврнал и долго очекуваниот дожд.

Инаку, од Дирекцијата за заштита и спасување и покрај најавите не ги испратиле авионите за гасење пожари, бидејќи истите биле преупатени на други големи шумски пожари во земјава.