Доцна синоќа околу 21 часот целосно беше изгаснат големиот шумски пожар во близина на Богомила и спасен манастирот кај месноста викана „Неделна вода“. Во гаснење на овој пожар кој избувна вчера претпладне, а во кој гореа високи смреки и трња, беа вклучени пожарникари од ТППЕ од Велес и доброволното пожарникарско друштво „Видра“ од Велес, од месното население од Богомила и од ШС „Бабуна“.

Како што изјави за МИА Љупчо Лепидовски, командир на ППЕ Велес, кој беше вклчучен во акцијата за гаснење, биле вложени натчовечки напори за да се справат со огнената стихија и да го спасат манастирот.

Во обиколка на теренот денеска ќе бидат екипи од ШС „Бабуна“.

Инаку вработени од ШС „Бабуна“ од Велес вчера целосно го изгаснаа и пожарот кај село Оморани кој избувна во саботата, а во кој гореа пет хектари ниско стеблеста дабова шума над манастирот.

Инаку екипи на ППЕ од Велес и ШС „Бабуна“ денеска ќе прават увид на овие опожарени терени, како и на теренот кај село Караслари каде за два дена изгореа 50 хектари квалитетна борова шума. На овој терен вчера дежураа вработени од ШС „Бабуна“ од Велес.